Загрижувачки ограничувања на правата на жените во целиот свет

Со протест жените од Саудиска Арабија викендов  го искажаа револтот по одбивањето на судот во нивната земја да им даде возачки дозволи. Но ове не е единствениот проблем со кој се соочуваат овие жени.  Родовата нерамноправност е голема, а системот во Саудиска Арабија е еден од најтешките во светот кога станува збор за жената.

Загрижувачки ограничувања на правата на жените во целиот свет

Сепак, постојат уште неколку земји кои уште полошо ги третираат жените во општеството од Саудиска Арабија. Светскиот економски форум, кој го објавува извештајот за родовиот јаз во државите, ја рангираше Саудиска Арабија на 10-то место од дното на листата во својот извештај за 2013 година. Полоши за жените се состојбите во Мали, Мароко, Иран, Брегот на Слоновата Коска, Мавританија, Сирија, Чад, Пакистан и Јемен.

„Многу од најтешките работи доажаат од правниот или де факто старателските системи”, смета Ротна Бегам, истражувач на правата на жените од Блискиот Исток и Северна Африка за Хјуман рајтс воч.

Но, таа додава дека, особено во Саудиска Арабија„ограничувањата се модернизираат.”

Тука се и девет други исклучителни законски ограничувања врз жените, од Азија до Латинска Америка:

1. Во делови од Индија, жените кои возат на мотоцикл не смеат да носат заштитни кациги. Поради ваквите закони, секоја година животот го губат илјадници од нив, меѓутоа поборниците на ова ограничување тврдат дека на овој начин се внимава на женската коса и нејзиното лице.

2. Во судовите во Јемен, женското сведоштво вреди колку половина од она на мажите. Тоа значи дека жената би можела нешто да докаже само доколку против себе нема маж.

3. Во Саудиска Арабија и Ватикан, жените засега не можат да гласаат. Саудискиот суд во 2011 година одлучил дека на жените ќе им биде дозволено да гласаат – но само на изборите во 2015 година. Кога тоа ќе се случи, Ватикан ќе остане единствената земја во светот без право на женски глас.

4. Абортусот се уште е забранет во Еквадор, освен ако судот процени дека бременоста е проблематична и детето ќе се роди со аномалии.

5. Во Саудиска Арабија и Мароко, жените може да бидат осудени на смрт ако некој ги силувал. Саудиска Арабија ги казнува жените кои излегуваат од домот без машка придружба, а во Мароко неодамна еден судија наредил 16 годишното девојче кое било силувано да се омажи со нејзиниот силувач. Девојката која била силувана, набрзо потоа извршила самоубиство.

6. Во Јемен жената исто така не смее да ја напушти куќта без дозвола од нејзиниот сопруг, освен ако нема потреба итно да оди за да им помогне на своите родители.

7. На жените во Саудиска Арабија им е забрането да возат без оглед на нивните способности и вештини.

Добрата вест? Според последниот извештај на Светскиот економски форум за родовата нерамноправност, има мали подобрувања на Блискиот Исток. Затоа Бегум, од Хјуман рајтс воч, вели дека има многу оправдани барања за повеќе промени.

„Жените во Саудиска Арабија се високо образовани и квалификувани”, смета таа и додава дека овие жени не сакаат повеќе да живеат во мрак, пишува Вашингтон Пост.