Загреб: Студентите изгласаа блокада, најавија и протест пред Министерството за образование

Студентскиот пленум на Текстилно-технолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб синоќа изгласа блокада на факултетскиот Совет од 31 октомври. До блокадата, тие бараат отчет од ректорот Дамир Борас и Студентската унија. Студентите бараат оставка на актуелниот состав на Деканатот, кого го обвинуваат за бројни незаконитости.

Најавен е и протест пред Министерството за наука, образование и спорт, по изборот на новата Влада, односно новиот министер. Оваа одлука беше донесена на вториот отворен пленум што се одржа синоќа во просториите на факултетот, а деканката Сандра Бишоф им забрани на новинарите да го следат настанот.

Незадоволството на студентите од овој факултет започна во мај годинава кога на неколку апсолвенти им беа одземени индексите со објаснување дека се спроведува истрага за на крај, како што велат од Пленумот, „противзаконски и без нивно знаење да им се впишат паднати предмети на крајот на академската година“.

„Студентите укажуваат на континуирано кршење на Статутот на универзитетот во Загреб и Правилникот на факултетот во текот на целиот мандат на актуелната управа, на чело со деканката Сандра Бишоф. На студентите не им е јасно зошто откако платиле висока школарина, таа не им е евидентирана, иако според Информацискиот систем на високобразовни институции во Хрватска тие се субвенционирани од ЕУ, или се ослободени од плаќање. Сепак, најважното прашање е кој ги финансираше студентите запишани како редовни, а противзаконски?“, стои во повикот на Пленумот.

Студентите велат дека Министерството за образование не ги финансирало тие студенти, чиј број надминал 3/100, односно нивното здравствено осигурување и останатите студентски бенефиции биле платени директно од државните обврзници на Република Хрватска.

На студентските жалби одговори Универзитетот со краток заклучок во кој се вели дека тие се свесни за противзаконските постапки на Управата на факултетот, но сметаат дека тоа е за доброто на студентите.