„Загреб прајд“ најави тужба против ХРТ за дискриминаторски прилог за Џорџ Мајкл

Хрватското ЛГБТ здружение „Загреб прајд“ ќе преземе правни дејствија против хрватската национален сервис ХТВ, со цел да го спречи идното јавно срамотење на ЛГБТ-лица, изјави Марко Јурчиќ од „Загреб прајд“ по вчерашниот прилог во дневникот на „ХРТ“ за смртта на Џорџ Мајкл, објави С-фронт.

„Тоа вклучува и пријава до одговорните надлежни тела за сузбивање дискриминација и евентуално покревање други антидискриминациски постапки кои, согласно хрватските закони ни се достапни нам како здружение кое има оправдан интерес за заштита на колективните интереси на ЛГБТ лицата“, изјави Јурчиќ.

Реакцијата на „Загреб прајд“ се однесува на прилогот во кој било речено дека животот на музичката бил „исполнет со алхохол, дрога и хомосексуалност“.

Марко Јурчиќ

Според Јурчиќ, ова е не прв случај уредниците и водителите на ХРТ да поттикнуваат дискриминација на ЛГБТ лица. За ваквата појава, „Загреб прајд“ планира да ја извести Европската радиодифузна унија и „Би-би-си“.

„Таков испад за големата музичка ѕвезда од нашата генерација и познат хуманитарец,, за што воопшто не се ни спомна во прилогот, претставува голем срам за јавниот сервис“, вели Јурчиќ од „Загреб прајд“, која ги повика граѓаните и граѓанките да го изразат своето незадоволство преку и-мејлот на ХРТ.