Истражување: загадувањето на воздухот ќе убие илјадници луѓе во Европа

Телото за надзор на животната средина на Европската Унија ги обвини властите за неуспехот да се дејствува врз загадувањето на воздухот, велејќи дека тоа ќе доведе до прерана смрт низ државите во Европа, пренесе Гардијан.

Стотици илјади Европејци ќе доживеат прерана смрт во следните две децении, како резултат на неуспехот на власта да дејствува на загадувањето на воздухот, предупредува чуварот на животната средина во Европа.

Последните веродостојни податоци, од 2014 година покажуваат дека повеќе од 400.000 луѓе, предвремено починале, како резултат на дишењето токсични гасови, и покрај неодамнешните подобрувања во одредени земји, покажува извештајот на ова надзорно тело.

Обединетото Кралство е еден од најлошите престапници, со владините бројки кои покажуваат дека регулативата на Европската Унија за квалитет на воздухот нема да биде исполнета во повеќе градови, вклучувајќи ги Лондон, Бирмингем и Лидс до 2030 година.

Европа исто така лошо се справува и со другите еколошки индикатори, вклучувајќи го биодиверзитетот на интензивното земјоделство и урбанизацијата и лошата состојба на многу внатрешни слатководни системи, гласат податоците на Извештајот за состојбата на животна средина за 2015 година, објавен од страна на Европската агенција за животна средина.

Сепак имало и некои успеси: загадувањето на крајбрежните води е расчистено во многу региони во последните две децении, бидејќи во непречистените води веќе не е дозволено капење, а емисиите на гасови се намалени во целина.

Агенцијата ги оценува клучните еколошки индикатори со „семафор” систем, означувајќи ги со црвено, жолто и зелено, во зависност од тоа нивната ситуација во моментов, и како тоа може да се промени во следните 20 години, земајќи ги во предвид сегашните и идните политики на подолг рок. Ниту еден од 20-те клучни показатели не се оценети како „зелени” во својата 20 – плус прогноза.

Во извештајот се повикаат властите на земјите повеќе да се активираат, кога станува збор за прашањата за животната средина. Клучниот проблем кој студијата го идентификува е недостатокот на координацијата на регулативите за цели кои се однесуваат на различни аспекти кои и штетат на животната средина, како што се системите за вода и биодиверзитетот.

Ова понекогаш може да доведе до размена на добрите и лошите ефекти. На пример, повеќе од една деценија членките на ЕУ имаат тенденција да го поттикнуваат растот на дизел возила, со поволни даночни режими и цени.

Ова е еден од факторите кои довеле до намалување на емисиите на гасови од фосилно потекло што се користат за транспорт, како и дизел мотори кои се поекономични од бензински. Но, тоа имаше една ненамерна последица во форма на поголемо загадување на воздухот, бидејќи дизел моторите еруптираат повеќе честички со азот диоксид отколку бензин возилата, што доведува до тешкотии во дишењето кај ранливите категории на луѓе, како што се децата и постарите граѓани.

Ханс Брунинц, извршен директор на ЕЕА, повика на „системски” пристап кон заштитата на животната средина во Европа. „Не е доволно да се погледне во овие прашања изолирано”, изјави тој за Гардијан. „Тие се меѓусебно поврзани и начинот на кој ги учиме и ги мериме и се справуваме со нив мора да бидат поврзани исто така”.

Иако земјите-членки во моментов се добри во намалувањето на емисиите на „гринхаус“ гасови, ова ќе биде проблем за 20 години “, се заклучува во извештајот. Екосистемите од целиот континент се во очајна состојба, биолошката разновидност е оценета како „црвена” врз основа на тековните трендови, како и погледот  за две децении отсега. Користење на земјата и здравјето на почвата добија слично „црвено” предупредување, како и  влијанието што климатските промени може да го имаат врз екосистемите.

„Нашата анализа покажува дека европските политики успешно се соочија со многу еколошки предизвици во текот на годините. Но, тоа, исто така, покажува дека ние продолжуваме да им наштетуваме на природните системи кои го одржуваат нашиот просперитет. Живеењето во границите е огромен предизвик, но постојат огромни придобивки од тоа. Целосното користење на капацитетот на Европа да иновира може да нè направи вистински одржливи и да не стави во границите на науката и технологијата, создавајќи нови индустрии и поздраво општество”, рече Брунинц.

Извор: Гардијан