Загадувањето на воздухот го зголемува ризикот од ментални болести кај децата

Големо ново истражување го поврзува загадувањето на воздухот со менталните заболувања кај деца. Новото истражување откри дека и релативно малите зголемувања на воздушното загадување се поврзуваат со значителен пораст кај третираните психијатриски проблеми.

Истражувањето, објавено во весникот BMJ Open, го испитува изложувањето на загадување на повеќе од 500000 деца под 18 години во Шведска, и го споредува тоа со документи за припишување лекови за ментални болести, од седативи до антипсихотици.

„Резултатите можат да значат дека на помала концентрација на воздушно загадување, најмногу од сообраќај, доаѓа до помалку психијатриски нарушувања кај децата и адолесцентите“, вели Ана Удин од Универзитетот Умеа, која ја водела студијата. „Јас самата би била загрижена доколку живеам во област со високо загадување на воздухот“.

Професорот Френк Кели од Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека истражувањето е многу важно.

„Ова гради докази дека децата се особено чувствителни на лошиот квалитет на воздухот, веројатно затоа што нивниот начин на живот го зголемува количеството на воздушно загадување на кое се изложени. Односно, ако се поактивни, органите во развој им се поранливи, додека сосема да созреат“.

Претходно се објавени и истражувања кои покажуваат врска меѓу воздушното загадување и спектарот на аутистични пореметувања, и учењето и развојот кај децата.

„Оваа студија додава докази дека загадувањето на воздухот може да има штетни ефекти на мозокот на децата и адолесцентите“, додаваат шведските истражувачи, а пренесува Guardian.