Заедница за сите – проекција на филмови и дискусија

Здружение СОЛЕМ, заедно со Фондација Отворено општество-Македонија организираат проекции на серија документарни филмови од наградуваниот режисер Томислав Жаја. Тие ќе се одржат на 24 и 25 јануари, во Скопски саем (бизнис сала), со почеток од 11:30 часот.

Кратки по своето траење, но исклучително битни по своето значење, овие филмови ги тематизирааат проблемите и предизвиците со кои се сретнуваат лицата со попреченост во своето секојдневно живеење.

Секоја од проекциите ќе биде придружена со дискусија водена од експерти во секоја од областите кои овие филмови ги опфаќаат: деинституционализација, лични асистенти, работно оспособување, зајакнување преку социјално претприемништо и пристапност преку универзален архитектонски дизајн.

Листа на кратки филмови и учесниците во дискусиите.