Забрането издавање предупредувања за загаденоста во Кина

Кинеските медиуми објавија дека метеоролошката служба им наложила на локалните станици да престанат да издаваат предупредувања за загаденоста на воздухот.

Локалните метеоролошки бироа вчера се известени „веднаш да престанат да издаваат предупредувања за загаденоста на воздухот“.

Известувањето е објавено на кинеската социјална мрежа „Виебо“, слична на „Твитер“.

Локалните станици можат да објават предупредување за магла, кога видливоста е помала од 10 километри.

Претставник на националната кинеска служба за кинескиот портал „Лист“ објави дека таквото барање е упатено поради контрадикторните објави на „метеоролошките бироа и службите за заштита на животната средина“.

Порталот наведува дека само една служба сега може да биде одговорна за издавање предупредувања за смог.

Црвеното, највисоко ниво на тревога за загадување се прогласува откако тоа ќе трае повеќе од 72 часа.

Мета