Забранет влез во американските национални паркови за девојка која цртала графити на карпи

Забрана за влез во сите нацинални паркови во Америка доби 23-годишната Кеси Нокет, поради нацртан графит на карпа, која е од културно значење. Како доказ беше искористена нејзината фотографија, која ја објави на социјалните мрежи. Таа не смее да посети национален парк во наредните две години, а како дополнителна казна, судот и пресуди 200 часа општествено корисна работа. Нокет, исто така, ќе треба да плати и парична казна, која дополнително ќе се соопшти.

Според властите, девојката не го почитувала законот и националните богатства на Америка. Служебите на пет од седум национални паркови се помачиле за да ги вратат карпите во нивната природна состојба.

Нокет сликала лица со акрилни бои на карпите во 2014 година, информираат властите. Таа ги потпишувала нејзините графити со нејзиното име на социјалните мрежи, каде објавувала фотографии од тоа како ги завршува делата.

Дел од графитите, сепак, не можеле да се извадат, бидејќи средството кое се користело за вадење на бојата направило непоправливла штета на карпите. Нејзините Инстаграм и Тамблр профили оттогаш се избришани.

Во оригинална објава, таа напиша:

„Тоа е уметност, не вандализам. Јас сум уметник“.