На вчерашнатавладина седница донесена е одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена.
„Со ова продолжува да се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, се со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии“, соопштија од Влада.
Поради висок ризик од шумски пожари во државата, апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште (донесена од 1 јули), а воедно посочуваат дека таа ќе трае до 31 август 2025.
„Во спротивно сите оние кои не се придржуваат кон оваа одлука, која е донесена за спречување на пожари, ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 до 2.000 евра. Продолжуваме да носиме одлуки во интерес на граѓаните и да работиме посветено и одговорно“, стои во соооштението на Владата по седницата.