Доколку биде потребно, во понеделник до Владата ќе биде предложен нов пакет мерки, кои ќе вклучуваат ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, односно до 50%, целосна забрана за секакви настани, како и крај на работното време на економските субјекти до 23 часот, најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
За претходно најавените мерки, кои се однесуваа на забрана за групирање на повеќе од четири лица после 22 часот, задолжително носење маска на отворен простор и забрана за поголеми семејни собири, прослави и забави, Филипче посочи дека е потребно да се направат законски измени кои Собранието ќе треба да ги гласа идната недела.
„Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот, се зголемуваат новодијагностицираните слуачи и ова е нешто што сите го очекувавме, согласно очекуваниот есенски бран, зголемена концетрација на случаи, во сите земји во регионот. Во Европа исто така, и практично во сите овие земји се воведуваат некаква форма на рестриктивни мерки“, рече Филипче.
Веќе неколку денови со ред, се регистрираат рекордни бројки на новозаразени со коронавирусот во земјава. Само вчера беа забележани 535 нови случаи на заразени со Ковид-19.
Нови рекордни 535 случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие – починаа шест лица