Забрана за кинески новинар да оди во САД да прифати награда за неговата работа

Jang Jisheng е почестен од Харвард за неговото „бестрашно известување“ за големата криза со храна и глад од 1958-1961 во Кина, во која починаа најмалку 36 милиони луѓе, пренесе Гардијан.

Пионерот новинар кој се борел да ја открие смртта на десетици милиони негови сограѓани за време на големата глад во Кина, добил забрана да ја напушти својата земја и да прифати награда за неговата работа во САД.

Jang Jisheng е пензиониран дописник од Пекинг за официјалната новинска агенција Xinhua, и ја доби престижната награда на универзитетот Харвард Louis M Lyons, за неговото „амбициозно и бестрашно“ известување за една од најголемите катастрофи на 20 век.

Наградата , која Јанг се надеваше дека ќе ја земе на церемонијата во Масачусетс следниот месец, е доделена како признание за неговата книга од 2008 „Надгробен споменик“.

Неговата работа од 1200 страници се смета за најавторитетен белег за трагедијата којa комунистичките лидери на Кина се уште се обидуваат да ja сокријат – прецизно ги документира ужасите од гладта од 1958-1961 година при што според проценките на авторот, биле изгубени животите на најмалку 36 милиони луѓе, вклучувајќи го и неговиот татко.

Сепак, според Гардијан, Xinhua, државната новинска агенција за која работел Јанг му забранила да патува во САД за да ја подигне наградата.

Забраната за патување е последниот знак за се потоксичната политичка клима во Кина.

Откако Xi Jinping дојде на власт во крајот на 2012 година голем број академици, новинари, писатели, правници и активисти се жалат за зголемување на притисокот од властите.

Експертите велат дека многу талентирани млади кинески новинари ја напуштаат професијата, делумно поради нивната фрустрираност за интензивирање на цензурата.

Извор: Гардијан