ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, на 29 март 2017 година со почеток во 18:00 часот во ГЕМ клубот во Скопје, организира проекција на документарниот филм “Play safe”, проследена со дискусија за намалување на штети од употреба на дроги предводена од авторот на филмот, Еди Еинбиндер.
Сè што е прикажано во овој документарец е сосема реално. Сцените се секогаш едукативни и понекогаш шокантни. Корисниците на дрога во филмот се обидуваат да ги преземат сите неопходни мерки на претпазливост при користење на нивниот избор на дроги. Опфатени се следниве адерал, кокаин, DMT, хероин, кетамин, ЛСД, марихуана, алкохол, цигари, пури, MDMA, метамфетамин, печурки, азотен оксид, Oxycontin и Salvia.
Од 2008 година Еинбиндер започнува со презентирање на стратегиите за намалување на штети и превенција од предозирање со дроги во над 200 институции и конференции низ целиот свет. Предавања се одржани на врвни универзитети, средните училишта, бездомници, младински клиники. Настани се хостирани и од страна на приватни групи на родители и ученици.
Презентациите се прилагодени на потребите на публиката и секогаш вклучуваат комбинација на филмски проекции, предавања, отворени дискусии. Темите се извлечени од неговата книга, документарниот филм, истражувањата и клиничко искуство од работата со млади.
Еди е психотерапевт за намалување на штети, а од септември 2015 година тој ги прави овие активности преку Центарот за оптимално живеење. Исто така нуди индивидуална и групна терапија, со посебен фокус на младите луѓе. Тој стои зад насловот на книгата „ How to Have Fun and Not Die “, а воедно и филмот „Play safe“.
Проекцијата и дискусијата ќе бидат на англиски јазик.