За „Зад Аголот“ нема зима!

зад аголотНа 8-ми јуни 2012 година, се докажа дека оваа новосоздадена скопска рап екипа има квалитет и амбиции за големи достигнувања. Токму на таа дата се случи промоцијата на нивниот прв албум насловен “Чувај го Вистинско volu.1”, кој според слушателите на „Балкан Хип Хоп Радио“ го освои првото место на листата „Најдобар албум во 2012“.

Најдобриот македонски рап албум за 2012, сега специјално за нивните фанови по успешно распродадениот тираж, „Зад Аголот“ го подарува за бесплатен download.
Концертот на минатогодишниот Пиволенд кој овој состав го одржа на stage-от на Радио МОФ, привлече огромно внимание за што сведочат и околу илјадата фанови кои го проследија истиот.

„Длабока Трага“ како дел од „Зад Аголот“, на 21-ви декември го промовираа нивниот прв албум “Никогаш Исто” кој беше одлично прифатен помеѓу нивните фанови и може да се набави во Југотон како и кај членовите на „Длабока Трага“. Албумот на Римиски Масив и микстејпот на Аце од „Контра Напад“ се изданијата кои се веќе завршени и ќе ја дочекаат својата промоција во скоро време.

Работата на нови проекти веќе се одвива со полна пареа. „Зад Аголот“ најавуваат нов сингл и видео запис во соработка со познатиот македонски блузер и гитарист Igi Man кој воедно ќе бидат и најава за нешто многу поголемо!