За три месеци уништени шест од велосипедите за изнајмување во Скопје

За само три месеци од почетокот на сезоната за изнајмување велосипеди за оваа 2014 година се уништени 6 велосипеди на ЈП „Градски паркинг“, информираат од Град Скопје.

11

Според податоците на претпријатието, од 2010 година, кога почна со реализација проектот „Изнајми велосипед“, до месец јуни 2014 година уништени се вкупно 150 велосипеди, кои повеќе не се во употреба, а 9 се украдени.

Ако некој украде велосипед, ЈП „Градски паркинг“ кражбата ја пријавува во полиција, односно поднесува пријава за кражба или пријава за затајување туѓа сопственост. Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат изнајмените велосипеди од ЈП „Градски паркинг“.

Табеларен приказ на број на уништени и украдени велосипеди, по години:

Untitled