Со пилот програмата „Младинска гаранција“ во првите три месеци се вработиле 419 лица од Скопје, Струмица и Гостивар, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Истовремено, 196 лица почнале да посетуваат обука, а 160 заминале на пракса во некоја компанија.
Во пилот проектот кој се спроведува во трите општини, досега се вклучиле 1532 лица. Со ова, посочуваат надлежните, се надминуваат очекувањата и по завршување на пилот фазата програмата ќе влезе во целосна имплементација низ земјава.
Младинска гаранција е програма на Владата со која треба да се зголеми опфатот и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот. Гаранцијата за млади е отворена за млади на возраст до 29 години кои се невработени, веќе го завршиле своето образование и не се пријавени во АВРМ. Пријавените добиваат можност понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство.
Инаку Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година.