Утревечер (01.11) на Факултетот за драмски уметности почнува новото издание на „Скомрахи“. Фестивалот за театар, филм и „културен контраст на секојдневието“, до 6 ноември под еден покрив ќе ги собере студенти од факултетите и академиите од земјата и регионот, а нивните театарски претстави, филмски проекции и промоција на книга се отворени и бесплатни за сите.
Годинава мотото на фестивалот е „Ми се смее, ми се плаче“, а ќе биде отворен со изведбата на „ММЕ кој прв почна“ на Дејан Дуковски во Македонски народен театар. Претставата е испит по актерска игра на студентите од 3 година во класата на проф. Мими Таневска – Србиновска, дем. Ангелчо Илиевски. Радио МОФ зборуваше со актерската екипа сега четврта година, која низ „брза рунда прашања“ открива повеќе за себе и за фестивалот.
Име и презиме: Благој Јовановски
Во ММЕ ја толкува улогата на: Инкасаторот
Да се биде актер во Македонија… Среќа е да го правиш она што те исполнува, каде и да си во светот, па така и во Македонија
Ми се смее кога: почнува Скомрахи!
Ми се плаче кога: завршувa
Име и презиме: Стефан Спасов
Во ММЕ ја толкува улогата на: Кловнот
Омилена улога до сега што ја имам играно: Не можам да издвојам една!
Ми се смее кога: Ми се плаче!
Ми се плаче кога: Ми се смее!
Име и презиме: Марјан Наумов
Во ММЕ ја толкува улогата на: Младиот
На Скомрахи треба да се дојде за: јако да се пројде. Ради дружбата и луѓето.
Ми се смее кога: не треба
Ми се плаче кога: не треба. Па ти види
Име и презиме: Исмет Шабановиќ
Во ММЕ ја толкува улогата на : Др.Фалус
Театарот во Македонија е: тажна приказна
Ми се смее кога: ќе ми побараат да кажам виц бидејќи сум на ФДУ
Ми се плаче кога: ќе разберам дека се сериозни со вицот
Име и презиме: Кристијан Танчевски
Во ММЕ ги толкува улогите на: Црна Арапина и Шејтанот
А би сакал да ги игра: Сите останати
Ми се смее: на реторичко прашање
Ми се плаче: на глупаво прашање
Име и презиме: Томислав Давидовски
Во ММЕ ги толкува улогите на: Третиот и Константин
Да се биде или не? Прашање кое си го поставувам често во текот на денот
Ми се смее кога: има пиво и сарма
Ми се плаче кога: треба да станам пред 10 часот
Име и презиме: Дарко Ристовски
Во ММЕ ја толкува улогата на: Лулу
Претстава која можам да ја гледам по сто пати е: „Електра“ во продукција на МНТ
Ми се смее кога: гледам „The Оffice“
Ми се плаче кога: Немам слушалки!
Име и презиме: Виктор Велевски
Во ММЕ ја толкува улогата на: Непознатиот
Филм или театар? Да ме прашавте пред некоја година со сигурност ќе ви кажев театар. Сега сум измеѓу, и театарот и филмот ги сакам еднакво!
Ми се смее кога: ја читам Автостоперски водич низ галаксијата
Ми се плаче кога: Мацко кажува фори!
Име и презиме: Стефанија Митовска
Во ММЕ ја толкува улогата на: Анѓа
Ако не бев на ФДУ, ќе бев: на археологија
Ми се смее кога: јадам пастрмајлија
Ми се плаче кога: ќе си ја проверам сметката во банка
Име и презиме: Ана Димитрова
Во ММЕ ја толкува улогата на: Бежанија
Решив да станам актерка за: да го зачувам детето во себе
Ми се смее кога: Има добра дружба
Ми се плаче кога: Немам пари да излезам
Име и презиме: Наталија Ристеска
Во ММЕ ја толкува улогата на: Балерината и Сестрата
Омилен лик од драма: Софија Александровна Соња од „Вујко Вања“
Ми се смее кога: ќе си го видам кучето
Ми се плаче кога: ќе ми падне пломба
Име и презиме: Елена Кузманов
Во ММЕ ја толкува улогата на: Иконија
Омилен лик филм: Лив Улман и Биби Андерсон од „Персона“ на Бергман
Ми се смее кога: добро ќе одиграм сцена!
Ми се плаче кога: добро ќе одиграм сцена!