За речиси 10% поскапеле угостителските услуги минатата година

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 9.8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во споредба со ноември 2023 година, е зголемен за 0.5%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во однос на храната за 0.5% и кај алкохолните пијалаци за 1.4%.

Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5%.