За првпат откриена атмосфера околу планета слична на Земјата

Научниците за првпат открија атмосфера околу една од егзопланетите.

Тие ја проучувале планетата GJ 1132b, оддалечена 39 светлосни години, а која е 1,4 пати поголема од Земјата.

Нивното откритие покажува дека е „супер-Земја“, обвиена со дебели слоеви гас, кој претставува, или водена пареа, или метан, или пак, нивна мешавина.

Студијата е објавена во весникот „Astronomical Journal”.

Откривањето на атмосферата и нејзиниот опис, иако делумен, е важен чекор во потрагата по жив свет надвор од Сончевиот систем. Сепак, мала е веројатноста дека оваа планета е населива, бидејќи температурата на неа достигнува дури 370 степени Целзиусови.

Д-р Џон Саутворт од Институтот Киле, кој го предводи истражувањето, потсетува дека највисоката температура на околината во која е пронајден живот на Земјата е 120 степени Целзиусови. Сепак, самиот факт што е откриена атмосфера, дава причина за надеж, смета тој.