За првпат лавица дои бебе леопард

За првпат дива мачка посвои младенче од друг вид. Лавица во Танзанија е забележана како дои бебе леопард.

Петгодишната лавица Носикиток е под близок надзор на истражувачите од резерватот Нгоронгоро и е познато дека има свое легло од средината на јуни.

Таа сега го посвои бебето леопард, за кое се смета дека е старо три недели. Но, Лук Хантер, претседател на групата за конзервација на големи мачки Пантера, рече дека нејзините последни раѓања се критични.

„Таа физиолошки е подготвена да се грижи за мали мачки, а малиот леопард се вклопува, тоа е речиси старо како нејзините младенчиња и физички многу слично на нив“, рече тој.

„Таа немаше да го негува младенчето, ако таа веќе не беше преплавена со мајчински инстинкт. Никогаш немало друг случај како што е овој, а зошто се случило засега е мистерија. Ова е навистина единствен случај. Можно е таа да ги изгубила сопствените младенчиња и да го нашла леопардот во нејзината ужалена состојба кога таа е особено ранлива“.

Уникатната случка беше снимена во вторникот од гостин во резерватот. Но, неизвесна е судбината на младенчето, дури и ако лавицата продолжи да го дои.

„Лавовите имаат многу богати, комплицирани социјални врски во кои тие препознаваат индивидуи, со поглед и рикање, така што тие се способни многу добро да ги разликуваат своите младенчиња од останатите. Ако остатокот од глутницата го пронајде бебето леопард, најверојатно би било убиено“, смета тој.

Сепак, ако младенчето успее да преживее во наредните 12-18 месеци, најверојатно е дека ќе го присвои вообичаеното однесување на леопардите, бидејќи според Хантер, неговото рано изложување пред лавовската заедница нема да ги поттисне милионите години еволуција кои го направиле леопардот да биде самостоен ловец.

Носикиток е еден од неколкуте лавови кои се надгледувани од конзерваторската група KopeLion, која спречила 26 обиди на лов на лавови минатата година.