За првпат јапонски министер најави дека ќе земе породилно отсуство

Јапонскиот министер за животна средина Шинџиро Коизуми изјави дека планира да земе породилно отсуство- ретка одлука што го стави на насловните страници во земјата.

Министерот Коизуми рече дека ќе отсуствува од работа две недели во првиот месец од животот на своето дете. Бебето треба да се роди во текот на месецов.

Ова ќе биде првпат еден јапонски министер да земе породилно отсуство. Во Јапонија, и мажите и жените имаат право да земаат една година одмор кога ќе се роди нивното дете. Сепак, само 6% од татковците го сториле тоа во 2018 година поради притисокот дека мора да продолжат да работат. Бројката за жени е 82%.

„Имам намера да земам вкупно две недели породилно отсуство во трите месеци по породувањето, за време на кои мајката носи најголем товар, со тоа што ги приоретизирам службените должности преку кризен менаџмент, како што сум правел и досега“, рече Коизуми (38).

Тој вели дека ќе користи мејлови и видео конференции, а може да побара од неговите заменици да го застапуваат за време на деловни состаноци по потреба. Но, Коизуми додаде дека нема да ги прескокне „важните јавни активности“, како што се парламентарните седници.

Тој разговараше за идејата за породилно отсуство уште минатата година, предизвикувајќи жестоки дебати. Тој е оженет со француско-јапонскската презентерка на вести, Кристел Такигава (42). Тој е втор син на популарната поранешна премиерка Јуничиро Коизуми и се смета за ѕвезда во подел во јапонската политика.