За првпат црна дупка проголта ѕвезда и врати дел од неа

Астрономите фатија црна дупка како проголтува ѕвезда, а потоа враќа дел од неа, за првпат во историјата. Научниците следеле ѕвезда голема колку Сонцето, се додека не била одвлечена од нејзината нормална патека кон супермасивна црна дупка. Потоа, научниците забележале одблесок како се подава со голема брзина, отргнувајќи се од работ на црната дупка.

На научниците им е познат фактот дека црни дупки проголтуваат и убиваат ѕвезди и млазови. Но, нова студија покажала дека за првпат биле сведоци на одблесок што излегол по проголтувањето, а не бил поврзан со проголтената ѕвезда.

„Овие настани се исклучително ретки“, изјави  Sjoert van Velzen, кој го предводеше истражувањето и соопшти дека појавата ја следеле неколку месеци.

Се смета дека супермасивните црни дупки се наоѓаат на поголемите рабови на галаксијата. Онаа што била забележана од научниците била насочена кон помалиот крај, кој е милион пати поголем од Сонцето, доволно голем за да проголта ѕвезда.

По долгото истражување, тимот научници е сигурен дека ненадејниот изблик на светлина што го виделе е од заробена ѕвезда. Всушност, галаксијата е далечна 300 милиони светлосни години, додека претходно забележаните црни дупки се трипати подалечни.