За прв пат во 100 години, Рио го откажа карневалот поради растот на смртни случаи од Ковид-19

Откако проекциите дека за неколку дена на глобално ниво ќе се надмине бројката од еден милион смртни случаи, Рио де Жанеиро го откажа карневалот за прв пат во еден век поради лошата состојба во Бразил.

Бројката надмина 980.000 илјади смртни случаи во петокот, според  Универзитетот „Џон Хопкинс“, а бројот на смртни случаи во еден ден просечно е 5.000. Се очекува бројката да надмине еден милион во наредните неколку дена. Моментално, регистрирани се 32 милиони случаи на Ковид-19 во светот.

Претходно оваа недела, бројот на смртни случаи во САД надмина 200.000. Досега во САД се регистрирани седум милиони случаи на Ковид-19.

Бразил, кој е на второто место по најмногу смртни случаи, односно 139.000, моментално брои 4.6 милиони активни случаи. Поради ова, откажан е карневалот, кој вообичаено се одржува во февруари. Лигата на самба училишта во Рио соопштила дека ширењето на коронавирусот оневозможило безбедно да се одржи овој традиционален настан.

Властите во Рио треба да ја известат јасноста и за одлуката за одржување на карневалските улични забави што се случуваат низ целиот град.

Првиот случај на коронавирус во Бразил беше регистриран на 26 февруари, еден ден откако беше завршен минатогодишниот карневал. Со раст на бројот на заразени, училиштата за самба ги одложуваа подготовките за настанот во 2021 година.

Од Европската Унија предупредуваат дека во Европа, пандемијата е полоша отколку на нејзиниот почеток, а државите започнаа со повторно воведување на драстични мерки.

Извор: Guardian