Спремни сте, момци и девојки? Овој пат идеме заедно во Штип да се погрижиме да заблеска едно убаво парче природа со шумичка, кај таканаречената Мирјанина црква. Ќе ја правиме големата, па ве очекуваме во голем број, стои во повикот на иницијативата За почиста Македонија за нивната акција на 21 септември, недела.
„Локацијата кај Мирјанина Црква е полна со ненормални количини ѓубре, но заедно можеме лесно да го трансформираме местото. Ако сами не се грижиме за природата околу нас, никој нема тоа за нас да го направи“, повикуваат од иницијативата.
View this post on Instagram
Како што информираат од За почиста Македонија, се работи за убава екскурзија каде што освен што ќе здружат сили да ја ослободат оваа локација од ѓубре, ќе уживат и во лабава музика, акустична џем сесија, здрава храна и друштвени игри.
„Не е поентата само да исчистиме. Важно е да се гради заедница и да испратиме инспиративна и моќна порака. Да бидеме примерот што сакаме да го видиме и кај другите“, стои во повикот на иницијативата.
Од таму велат дека имаат обезбедено превоз, храна и опрема за работа, додека учесниците во акцијата треба само да понесат позитивна енергија и желба за промени.
За превоз, заинтересираните треба да се пријават тука: https://forms.gle/sdvnjHzArxUA86De8
Акцијата е организирана во рамки на проектот „dm {Заедно} до зелени идеи“ поддржан од @dm_makedonija.