За Фондот за здравство инфлацијата ги зголеми цените за кардиоваскуларните операции, но не и за другите

Лани во ноември и годинава во февруари Фондот за здравство ги зголеми референтните цени за кардиоваскуларните операции од 15 до 30 отсто со образложение дека се пресметала „кумулативна инфлација”. Така, приватните болници кои имале профит и од досегашните цени на овие операции, сега ќе имаат уште поголем профит. Во исто време, таква корекција на цените не е направена на пример за ин-витро или за офтамлошките интервенции. Кој најмногу ќе заработи од оваа неочекувана одлука на фондот?, пишува во анализата на МКД.мк.

Со новите одлуки на Фондот за здравство и однапред дефинираниот буџет што им се дава на приватните болници за кардиоваскуларни операции се нарушува правото на пациентот за избор на доктор, за избор на болница. Според овие буџети (доделени без тендер) бројот на пацинетите што ќе се оперираат во болницата „Жан Митрев“ е многу поголем од оној во болницата „Аџибадем Систина“.

За 2019 година Фондот за здравство за „Аџибадем Систина“ предвидел 403 милиони денари (6,5 милиони евра) за операции на срце, а за „Жан Митрев“ 562 милиони денари (9,1 милиони евра). Или кај „Аџибадем Систина“ зголемувањето во однос на 2018 година е 10%, а кај „Жан Митрев“ речиси 30 %.  Ниту една од овие болници не се пожалиле дека цените на операциите кои ги покрива Фондот за здравство се мали, дека инфлацијата си го прави своето, дека се зголемиле цените на другите елементи кои влегуваат во методологијата за доаѓање на конечната цена… Напротив, завршните сметки и профитабилноста на двете болници го покажува спротивното. А сегашните цени веќе го достигна чинењето на истите услуги по приватните болници од регионот (Бугарија, Турција, Србија…).

Целиот текст може да се прочита ТУКА.