Седум илјади и петстотини деца ќе бидат вклучени во градинките во наредните четири години. Тоа ќе биде овозможено со проектот што го финансира Светска банка со 30 милиони евра за детска и социјална заштита, спроведуван Министерството за труд и социјална политика (МТСП).
Проектот е насочен кон подобрување на претшколското образование, зголемување на неговиот опфат, како и подобрување на квалитетна социјална и детска заштита.
Опфатот на децата во градинките во Македонија е околу 30 проценти и целта е опфатот да изнесува 50 проценти.
Проектот со Светска банка ќе се спроведува до 2024 година, а целта е покрај поголем опфат на децата и развој на нови стандарди за социјални услуги, интеграција на социјалните надоместоци и социјалните услуги, подобрување на стручниот капацитет на воспитувачите и на социјалните работниции промовирање на наставни методи во чиј центар е детето.
Во Македонија во 28 главно рурални општини нема државни градинки, а стапката на запишување на децата во предучилишно образование е шест пати поголема во однос на руралните подрачја.
Според Министерството, проектот ќе придонесе и за подобрување на човечкиот капитал и подобрување на вештините на што има влијание и предучилишното образование кое е важно за развојот на децата.
„Она во што треба да инвестираат земјите од регионот, вклучително и Македонија е токму развојот на човечкиот капитал, бидејќи податоците покажуваат дека потенцијалната продуктивност во просек во регионот се движи околу 65 отсто, додека во Македонија индексот е 0,53 проценти или 53 отсто од потенцијалната продуктивност. Во земјите од ЕУ потенцијалната продуктивност е 75 отсто“, велат од МТСП.