За борба против дезинформации, Фејсбук ќе инвестира 300 милиони долари во новинарство

Во следните три години, Фејсбук ќе инвестира 300 милиони долари во разни проекти поврзани со новинарството, особено поради потикнување на локалното информирање, што особено е потиснато од дигиталната револуција, соопшти компанијата.

„Ќе продолжиме да се бориме против лажните информации, дезинформации и информации со лош квалитет“, во порака на Фејсбук објасни Кемпбел Браун,  директорката на Фејсбук задолжена за партнерства со медиумите и додаде дека „имаат можност и одговорност да им помогнат на локалните медиуми да се развијат и да успеат“.

Таа вели дека компанијата „не може да го од измисли интернетот“, но вели дека сака да работи со издавачите за да им помогне да успеат во и надвор од социјалната мрежа, пренесе АП.

На почетокот на јануари 2017 година, социјалната мрежа веќе го започна „Фејсбук новинарски проект“, за да ги зајакне врските на платформата со медиумската индустрија.

Во тоа време, воглавно се работело за предлози за медиумски решенија како да ги подобрат приходите што ги остваруваат со своето присуство на Фејсбук и да развијат размена помеѓу социјалната мрежа и печатот.

Износот инвестиран во таа иницијатива не бил соопштен.

Платформата, која има 2,2 милијарди активни корисници, одлучи да го продолжи развојот на различни проекти, постоечки и оние кои ќе ги започне во таа прилика.

Меѓу другото, Фејсбук ќе основа специјален фонд во соработка со Пулицер центарот од 5 милиони долари, кој финансиски ќе ги поддржи плановите за репортажи.

Во март 2018 година, Гугл соопшти дека ќе инвестира и 300 милиони долари во низа проекти за борба против лажни информации и за поддршка на веродостојни медиуми.