За 30 отсто зголемен бројот на британски државјани кои се селат во ЕУ по „Брегзит“

Бројот на британски државјани кои емигрираат во останатите земји на ЕУ, по референдумот за „Брегзит“ е зголемен за 30%, а половина од граѓаните одлуката за преселба ја донеле во првите три месеци од издвојувањето.

Аналитиките на Организацијата за Економска кооперација и развој и Еуростат покажале дека миграцијата во В. Британија кон земјите на ЕУ просечно изнесувале околу 56,832 лица во периодот од 1008 до 2015, додека во периодот од 2016 до 2018 бројките се зголемиле на 73,642 преселени лица.

Студијата покажала и раст од 500 отсто кај бројот на луѓе кои побарале државјанство од земја членка на ЕУ.

„Овој раст е со големина која се очекува кај земји кои се погодени од големи економски кризи“, истакнал Даниел Ауер, ко-автор на студијата.

Според интервјуата, половина од преселените државјани одлучиле набрзина да ја напуштат својата држава.

„Уште еден важен емпириски доказ поврзан со „Брегзит“ е намаленото време за размислување во донесувањето на одлуките, импулсивноста и спонтаноста“, истакнале истражувачите.

Со потпишаниот договор за повлекување на Британија од Европската Унија, пропадна и гаранцијата за слободно движење на британските мигранти, со што се отежнуваат и стопираа идните вработувања на британска сила во преостанатите земји членки.

Ко-авторот Даниел Тетлов истакнал дека „Брегзит“ досега е најголемата причина за преселба, додавајќи дека тоа е уште еден доказ дека се поголем број на британци се отселуваат за да се заштитат себеси од најнегативните ефекти од државното излегување од Европската Унија.

Најголем број британци се преселиле во Шпанија, а втора најпопуларна земја за доселба е Франција. На третото место се наоѓа Германија, каде 31,600 британци аплицирале за државјанство.

Извор: Guardian