• Youtube
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
Радио МОФ
Мени
  • Вести
    • Вести
    • Граѓани
    • Образование
    • Култура
    • Музика
    • Кампањи
    • Наука
    • Shqip
    • Лабаво
    • Став
    • За Вас
  • Видео
  • Подкасти
  • #МЛАДИ
  • Образование
  • Култура
  • Анализи
  • Истражувања
  • Shqip
  • #МладинскиГлас
Се наоѓате на:Дома»Вести»yugo.logo – изложба на симболи од југословенскиот дизајн во Битола

yugo.logo – изложба на симболи од југословенскиот дизајн во Битола

31/08/2023 - 9:32 Вести, Култура

Со изложбата yugo.logo, проект на младиот графички дизајнер Огнен Ранковиќ, Europe House Битола ќе ја започне септемвриската културна програма.

На 4 септември, автентичната изложба на графички симболи која брои 460 дела, ќе биде отворена за јавноста.

Авторот вели дека кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски.

„Изложбата ќе ја отвори професорот Костадин Танчев – Динка, кој во својот богат и разновиден творечки опус создава и многу графички симболи кои и ден денес се препознатливи и функционираат во нашата земја. Грбот на Битола е еден од нив“, велат од Europe House Битола.

Оттаму дополнуваат дека проектот yugo.logo има за цел да ги истражи, дигитализира и архивира овие знаци со цел да му послужат како инспирација на новите генерации, истовремено и да им се даде почит на пионерите на дизајнот на овие простори.

Графичкиот знак нема оригинал, материјал и големина. Секој еден е оригинал и се изработуваат од секакви материјали и во секакви големини. Знакот е потпис, па затоа авторот не го потпишува. Конструкцијата на знакот е негова графичност со која се овозможува тираж (умножување, зголемување, смалување). Знакот е збиена приказна, понекогаш и неколку различни приказни, кои се сведуваат на еден краток збор. Зборот се претвора во слика која ја читаме со еден поглед: побрзо ја гледаме и запомнуваме отколку што ја разбираме. Знакот е поубавиот дел од приказната. Секој знак е една нова љубов, а за љубовта се сонува и се размислува на јаве, сè се меша и затоа не се знае како настанува знакот. Знакот е лесна мака.
Милош Ќириќ – извадок од книгата „Графичка идентификација“, Белград, 1981 година.

  • Tweet
  • Share 0
  • Reddit
  • LinkedIn 0

МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групна изложба во МКЦ Галерија од 14 април „Архетипови“ – Изложба на дигиталните графики на Билјана Билбилоска „Персонификација“- изложба на Стефан Јакимовски во Струмица Изложба по повод 50-годишнината од смртта на Пикасо во Галеријата „Остен“
  • Популарно

    • Most Viewed
    • За делото и последните дни на Гоце Делчев низ призма на Павел Шатев - еден од неговите најблиски соработници
    • Година и половина откако исчезна Злата Јанкова: МВР сѐ уште трага, семејството се сомнева на трговија со луѓе
    • Пожарникар кој прв стигнал во запалената дискотека „Пулс“ откри детали за глетката и интервенцијата
    • (ВИДЕО) Дали родителите се оставени сами на себе во работата на развој кај деца со аутизам?!
    • Се одржа мирен простест во Битола лицата со попреченост и нивните асистенти бараат исплата на задоцнети плати
    • НОВО
    • За Вас
    • Lajme në gjuhën shqipe
    • 07/02/2026 0 Загриженост кај експертите поради повлекувањето на САД од СЗО: Пукнатини во глобалното јавно здравје
    • 07/02/2026 0 NASA го одложи тестирањето на ракетата Artemis 2 поради истекување на водород
    • 07/02/2026 0 Повеќе од 2 милиони девојчиња низ светот се подложени на генитално осакатување кое се третира како културна норма
    • 07/02/2026 0 Секој студент на Филипини има обврска да засади 10 стебла како услов да дипломира
    • 06/02/2026 0 Научник секој чекор го претвори во погон за електрична енергија: Создавате струја додека одите по кинетички плочки
    • 05/02/2026 0 Народниот Театар „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ќе ја одигра претставата „ЦРНИЛА“ НА СЦЕНАТА ВО МНТ
    • 25/01/2026 0 Повик за учество на инклузивен курс за фотографија со Драги Неделчевски
    • 28/12/2025 0 Повик за млади уметници и креативци: Осмели се, инспирирај, промени – Политичкиoт интегритет низ очите на младите
    • 04/11/2025 0 Отворен повик за Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност 2025/2026
    • 21/10/2025 0 Отвораме конкурс за избор на Најдобра фотографија со отпад од метрополата
    • 19/12/2025 0 Евгенија Донева: Младите имаат идеи, енергија и став – само  треба да им се даде простор да ги изразат
    • 19/06/2025 0 Млади правници започнуваат иницијатива за унапредување на правдата за децата во Македонија
    • 17/06/2025 0 Наградата за младинско учество се враќа, пријавувањето трае до 30 јуни
    • 14/06/2025 0 ЗНМ: Новинарството не е злосторство – Стоп за SLAPP тужбите
    • 13/06/2025 0 Граѓански иницијативи: Изборниот законик стана оружје против независните
  • Радио моф на FACEBOOK

    Радио МОФ
  • Радио МОФ на TWITTER

    X
    @RadioMOF
    Official updates on X
    Our live timeline is temporarily unavailable due to X limitations. You can still follow all updates directly on our profile.
    View @RadioMOF on X
  • Радио МОФ на Instagram

  • За нас
  • Програма
  • Импресум
  • Контакт
Радио МОФ е непрофитен медиум. За да ви обезбедиме објективно и професионално информирање добиваме поддршка од повеќе организации. Содржините објавени на медиумот не ги изразуваат нивните ставови или ставовите на Младински образовен форум и се професионални медиумски содржини креирани од редакцијата на Радио МОФ.