YouTube воведува нови алатки за превод и правна поддршка на авторите

YouTube воведе нови алатки за авторите на видеата, нудејќи им нови можности за превод на нивните видеа.

„Јутјуберите“ сега можат јавно да се финансираат за да обезбедат превод од нивните гледачи, како и да добијат професионален превод за насловите и описите на нивните видеа од компанијата.

Како пример за зголемување на бројот на прегледи со превод на видеата се користи Vice, чиј дневен просек на прегледување на видеата бил двојно зголемен, откако биле преведени на шпански и португалски.

Во меѓувреме, родителската компанија Google објави дека ќе им понуди правна поддршка на „јутјуберите“ , бидејќи сметаат дека неправедно се обвинувани за повреда на авторско право.

Повеќето видеа на YouTube се заштитени со правила на користење, но Google велат дека понекогаш системот не функционира и често има поплаки.

Извор: The Next Web