Youtube бара цензура на снимка од протестот на студентите

[Екстерно тестирање] Ќе го слушне ли Владата гласот на студентите?

Глобалниот видео сервис Youtube побара од веб-страницата Нова ТВ да отстрани дел од видеото од завчерашниот студентски марш, по пријава која дошла од Македонија, се жалат од Нова. Вчераутро примиле порака од одговорните од Youtube во кои тие ги известуваат дека треба да го отстранат целото видео од студентските протести.

Спорната снимка, која се уште е достапна на Youtube:

Образложение од нивна страна дошло дури откако главниот уредник Борјан Јовановски официјално се обратил до одговорните во сервисот, барајќи да објаснат зошто го сметаат видеото за спорно. Денеска, од Youtube одговориле дека дел од видеото, односно снимките од 12:45 до 16:14 минута претставуваат нарушување на приватноста, а нивното барање за отстранување на видеото дошло по „пријава од Македонија“.

„Сите наши снимени материјали кои се објавени во видеото се снимки направени на јавен настан и претставуваат снимки од јавен интерес. Од тие причини, на барањето на Youtube не гледаме поинаку освен како обид за цензура. Видеото е се уште достапно, но доколку Youtube остане на проценката дека видеото од протестот на студентите претставува нарушување на нечија приватност, можат да го активираат механизмот со кој ќе и оневозможат на Нова да поставува видеа на мрежата“, велат од Нова, од каде најавуваат дека нема да постапат по барањето, бидејќи сметаат дека тоа би било спротивно на сите новинарски стандарди.