YES Стартап бизнис натпревар

YES бизнис инкубатор објави натпревар за избор на најиновативна бизнис идеја од секторот за Информациски и комуникациски технологии, со голем потенцијал за раст и развој. Сите заинтересирани лица треба да испратат пополнета апликација на info@yes.org.mk најдоцна до 25 јули 2016 година.

Право на учество имаат млади ентузијасти кои имаат намера да стартуваат сопствен бизнис од ИКТ индустријата или имаат основано фирма не постара од 1 година. Краен рок за поднесување апликации е 25 јули 2016 година.

Како што соопштуваат организаторите, критериуми за избор се иновативност на идеја, потенцијал за развој, искуство на тимот, финансиска изводливост.

Најдобриот учесник ќе добие ваучер од 5 000 евра и ќе треба да потпише договор на 12 месеци со кој ќе продолжи да работи во инкубаторот.

Покрај ова, тој ќе добие и можност за:

  • Бесплатно користење на канцелариски простор во времетраење од 6 месеци во бизнис инкубатор
  • Бесплатно советување и менторирање од експерти од различни области
  • Бесплатно учество на обуки во организација на YES бизнис инкубатор
  • Бесплатно учество на интернационален б2б настан за вмрежување на ИКТ фирми во Скопје – http://goict2016.talkb2b.net/
  • Бесплатно вмрежување со потенцијални бизнис партнери преку најголемата Европска мрежа за мали и средни претпријатија – Enterprise Europe Network
  • Бесплатни информации за настани и конференции од Enterprise Europe Network 
  • Изработка на профил за промоција на бизнисот во Enterprise Europe Network