WWF: Земјата изгуби половина од дивиот свет изминатите 40 години

Бројката на диви животни на Земјата се има преполовено во текот на изминатите 40 години покажа последното истражување на WWF (World Wildlife Fund).

Rubbish dumped on the tundra, Greenland

Суштества кои живеат на копно, во реките и морињата се десеткувани, главно поради тоа што се убивани од страна на луѓето, од  загадувачите, од уништувањето на нивните природни живеалишта, покажува студијата на научниците на WWF и Зоолошкото друштво  од Лондон.

„Ако половина од животните умрат во Лондонската ЗОО следната недела, тоа ќе се најде на насловните страници“, вели професорот Ken Norris.

„Но тоа се случува надвор. Оваа штета не беше неизбежна, но е последица на начинот на кој ние избравме да живееме“. Природата која обезбедува храна и чиста вода и воздух  е неопходна за човековото живеење, додава професорот.

„Ние изгубивме половина од животинската популација поради човековата исхрана,  и знаејќи го тоа, ова е повик за борба, мора да делуваме веднаш“ , повика Mike Barratt од WWF.

Doughnutchartwildlife

Во извештајот наречен Living Planet, бројките се ужасни: бројот на `рбетници, вклучувајќи цицачи, птици, риби и рептили се намалил за 52% во периодот од 1970-та до 2010-та година, и нема намера да запре во блиска иднина. Бројот на копнените и морските животни се намалил за 39%, а од животните кои живеат во слатка вода снемало околу 76%, се наведува во извештајот изработен со помош на лондонското Зоолошко друштво.

UntitledИзвор: Guardian