Wonder Woman го сруши американскиот бокс офис рекорд за филм снимен од жена

Пети Џенкинс стана режисерка со најголема заработка во бокс офисите во САД, после успешниот прв викенд од прикажувањето на нејзиниот филм Wonder Woman.

Филмот во продукција на Warner Brothers и DC Comics, со Гал Гадо во главна улога, заработи 223 милиони долари во првите три дена од прикажувањето во кино салите. Тоа значи дека Џенкинс сега го држи рекордот за најголемата американска премиера досега, на филм снимен од жена. Претходниот рекорд го држеше Сем Тејлор-Џонсон, за Fifty Shades of Grey, која заработила 85,2 милиони.

Иако Wonder Woman не го достигна глобалниот успех на Fifty Shades of Grey во првиот викенд од прикажувањето (242 милиони), има одлична посетеност и на меѓународниот пазар.

Невообичаено за филм за суперхерој (во случајов, суперхероина), е што поголем дел од публиката биле жени. Жените сочинувале 52 посто од целокупната публика, во жанр кој во просек има 60 проценти машка публика.

Wonder Woman засега е одлично прифатен и од публиката и од критичарите. Филмот доби „А рејтинг“ од фирмата за анкетирање на пулика CinemaScore, а моментално држи и рејтинг од 93% на страницата за агрегација на рејтинзи, RottenTomatoes.