Windows 10 го користат повеќе од 270 милиони уреди

За помалку од една година, кога првпат беше пуштен за употреба Microsoft Windows 10, повеќе од 270 милиони корисници го надградиле или го купиле најновиот компјутерски софтвер.

Microsoft соопшти за време на завршната конференција во Сан Франциско дека Windows 10 е „најбрзо растечката верзија на Windows, кај потрошувачите и претпријатијата“.

Оваа вест претставува пресвртница за компанијата, откако претходната верзија Windows 8 се смета за неуспех од многумина и речиси игнорирана од претпријатијата. Всушност, Windows 10 прескокна број во својот последователен ред со цел да се дистанцира од предходната верзија.

Новата верзија имаше исклучително добар почеток со 14 милиони надградби во првите 24 часа. Растот продолжи во текот на сезоната – околу 40 отсто од уредите со Windows 10 беа активирани по „Црниот петок“ и до јануари, Microsoft соопшти дека најновата верзија на Windows ја користеле 200 милиони корисници.

Windows 10 беше важно ажурирање за Microsoft. Компанијата ја врати популарната игра со карти Solitaire на Windows 10, откако ја повлече, заедно со Hearts и Minesweeper. Microsoft, исто така, најави и надградба на Windows 10 наречена Windows 10 Anniversary Update.

За време на конференција се зборувало и за други надградби како Windows Hello, што на корисниците ќе им овозможи да се логираат со технологија за препознавање на лицето и Windows Ink за дигитален влез на пенкало.