„WhatsApp“ изгуби милиони корисници поради новите правила

Поради слабото објаснување за ажурираните правила за користење, милиони корисници на апликацијата „WhatsApp“ ја напуштија платформата и се префрлија на алтернативни апликации како „Сигнал“ и „Телеграм“.

Напуштањето на платформата беше во толкава мера што „WhatsApp“ ја одложи имплементацијата на новите услови за 15 мај, а кои претходно беа закажани за 8 јануари, со цел да им ги објасни на корисниците промените што се прават, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Во текот на првите три недели од јануари, на платформата за размена на пораки „Сигнал“ се приклучиле дополнителни 7.5 милиони корисници, додека на платформата „Телеграм“ се приклучиле 25 милион корисници. На 12 јануари пак, „WhatsApp“ падна од осмо на 23-то место, по бројот на симнувања на апликацијата во Велика Британија.

Од друга страна пак, „Сигнал“ на 6 јануари не беше ниту меѓу првите 1.000 најсимнувани апликации, за на 9 јануари да стигне на првото место.