We Can Code! – хакатон за веб апликации на општествени теми

Фондацијата Метаморфозис во соработка со Универзитетот на Југо-Источна Европа, на 17 октомври, го организираат настанот „We Can Code“ по повод Европската недела на кодирање Europe Code Week. Настанот ќе се одржи утре, од 10:00 часот до 18:00 часот, во просториите на Универзитетот на Југо-Источна Европа во Скопје.

Настанот е замислен како хакатон во кој учесниците ќе развиваат веб апликации на општествени теми.

„Денес живееме во свет кој е под влијание на рапидниот развој на технологијата. Начинот на кој работиме, комуницираме, купуваме и размислуваме е драстично променет. Со цел да ги прифатиме овие брзи промени и да го разбереме светот околу нас, ние не само што треба да го развиваме нашето знаење за тоа како функционира технологијата, туку и да развиваме вештини и можности, кои ќе ни помогнат да се адаптираме и живееме во оваа ера“, се посочува во повикот за „We Can Code!“.

На него се поканети сите кои имаат познавање од програмирање, веб-дизајн, веб-програмирање или се студенти по компјутерски науки. Бројот на учесници е ограничен на 30, а за пријавување треба да се пополни следниот онлајн-формулар (http://goo.gl/forms/ARl7LW96LO).

Учесниците може, но не мораат, да понесат лаптоп. Сите дополнителни информации може да се добијат кај Адријана Селмани на adrijana@metamorphosis.org.