WatchOut филмски фестивал вечерва по шести пат во Тетово

Од денеска до 26-ти мај ќе се одржи шестото издание на Филмскиот фестивал под отворено небо во Тетово, „WatchOut!“. Проекциите вечерва започнуваат од 20 часот во Музејот на комунистичката партија.

Фестивалот го организира Центарот за балканска соработка – ЛОЈА. Филмовите се поделени во три категории: краток филм, документарен филм и експериментални и анимирани филмови.

„За фестивалот аплицираа 292 филма од 91 држава. За растот на WatchOut индикатор се самите апликанти – продукциски куќи, актери и индивидуалци докажани на многу фестивали, кои го препознаваат фестивалот како референтна точка за овој дел од Европа“, изјави директорот на ЛОЈА, Бујар Љума.

WhatchOut фестивалот годинава ќе содржи и презентација на проектот „Трансформерс“, преку видео-материјали од одржаните уметнички инсталации и перформанси кои се осврнуваат на локалните прашања и охрабруваат јавен дијалог за активно граѓанско учество.

Фестивалот е организиран со поддршка од Гете институтот – Скопје.