„Wall/Therapy 2015“ по петти пат во Њујорк

Петта година по ред, „WALL/THERAPY“ (Ѕид/Терапија) продолжува да го трансформира Рочестер во Њујорк преку уметност и интервенции во соседството користејќи ги јавните мурали како инспирација за заедницата.

Ваквите слики освен што се прават за заедницата која живее во „разубавените“ делови на градот, ѕидовите на кои уметниците го создаваат нивното дело се обновуваат, што, како и самото име на проектот, претставува своевидна „терапија“ на муралите.

Оваа година се работеше на 14 мурали со фокус на темите од надреализмот и фантастиката, од гигантски суперхерој кој седи на страната на една зграда, да се гигантски кит кој плива на еден од ѕидовите. Секој мурал варира и во големина и цо локацијата, со што дел од муралилите се поставени на аглите од зградите, а други се протегаат вертикално до врвот на зградите

Целата програма за проектот годинава може да се види на страницата на WALL/THERAPY.

6

5

4

3

2

1