Вулкан на Суматра еруптираше седум пати за 24 часа

Вулкан на планината Синабунг на северот на Суматра вчера еруптирал седум пати. Ветерот носел пепел сè до Берастаги, туристички град на висорамнината Каро, југоисточно од вулканот.

На локалното население и на туристите им е речено да носат маски и заштита за очите за да избегнат контакт со вулканската пепел.

Околните места во се состојба на зголемена готовност, а лицата кои се наоѓаат во радиус од седум километри се евакуирани и префрлени во засолништа.

Планината Синабунг неколкупати еруптираше во септември 2013 година и секојпат беа раселувани илјадници лица.