Второ место во латино танци на Специјалната олимпијада Абу Даби 2019

Румбата на Јулијана Петровска и нејзината професорка по танц Евгенија Трифуновска од танцовиот клуб „Сонриса“ освоија второ место во латино танци на танцовиот натпревар кој се одржа во рамки Летните олиписки игри на Специјалната олимпијада Абу Даби 2019.

Од оваа година танцувањето станува олимписка дисциплина, соопштија од Специјална олимпијада Македонија.

Македонскиот тим броеше дваесет и шест спортисти кои се натпреваруваа во три дисциплини, пливање на 50 и 100 метри и штафета, атлетика и јунифајд кошарка и ревијално танцување. Тимот се закити со три златни медали во пливање,  бронза во кошарка, како и сребро и бронза во атлетика.

Олимпијадата која почна на 14 март, се затвора денеска како најголем спортски настан со хуманитарен карактер на планетата на кој учествуваат над 7000 атлети од 190 земји од светот и се натпреваруваа во 24 спортови.