Второ издание на Велосифест во Скопје

Велосифест 2014 во СкопјеМладински образовен форум и Центарот за современи уметности го организираат второто издание на Велосифест, што ќе се одржи на први и втори јуни во Паркот на франкофонијата кај Мобилната/монтажна галерија.

Целта на настанот е да промовира алтернативен начин на движење низ скопските улици. Посетителите ќе имаат можност да го средат својот велосипед со стикери, спрееви, бои и друг креативен материјал, да го поправат својот велосипед, да се дружат со други точкољупци и да разменат искуства за градскиот велосипедизам. За најмладите ќе има трка во спретно возење (со предизвици и пречки), а за возрасните ќе има трка во споро возење.

Настанот и во недела и во понеделник ќе почне напладне, а ќе трае до 20 часот. Целосната агенда проследете ја во продолжение:

агенда