Второ издание на студентскиот филмски фестивал „Филмоција“

Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 9ти до 12ти март 2017 година, го организира својот втор студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид.

Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти.

Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет од Тетово, Хасан Приштина од Косово, ФАМУ од Чешка, ФДУ Цетиње од Црна Гора, Универзитетот Јашар од Турција и Национална Академија за Театар и Филм од Бугарија.

Работилниците ќе бидат водени од страна на продуценти. Дел од музичката програма ќе биде Sweet Rapscalions.

Официјалното отворање на фестивалот започнува во четврток, 9 март, во 19 часот со филмот „90 Minutes – Berlin Project” на Иво Трајков, додека просториите на академијата ќе останат отворени 24 часа за поканетите гости и за сите заинтересирани посетители од Македонија.

Влезот е бесплатен за сите посетители.