Второ издание на „Рокенрол ретроспектива“ во Кичево на 7 и 8 септември

Утре и во сабота во Кичево се одржува второто издание на „Рокенкрол ретроспектива“. Настан на кој локални бендови ќе потсетат на најдобрите рок класици на „Битлси“, „Дип Парпл“, „Лед Зепелин“….

Годинава, како што велат организаторите, повеќе простор ќе се даде на младешкиот дух.

На настанот ќе учествуваат кичевските легенди како што се „Гвидони“, „Стил“,„Пацифик“, „Легенда“, „Медузи“ заедно со поновите бендови како „Fallin“, „Клара“, „Halfgod“, „Monumental“, „Каин“, „Inner Hate“ .

„Нека ви бидат обележани со црвено, како секој празник бидејќи овие два дена ќе бидат празник на душата на градот“, велат организаторите.

Во продолжение, атмосфера од првото издание на „Рокенкрол ретроспектива“.