Второ издание на натпреварот за најдобра хорор фотографија „Sinister Days“

Започна второто издание на натпреварот за хорор уметнички дела „Sinister Days“ во организација на фото-блогот Revoshot. Поканети се сите фотографи да се вклучат во натпреварот.

Хорор фотографиите можат да се испраќаат овде од 19.10.2015 до 31.10.2015 и не е ограничен бројот на фотографии што еден фотограф може да ги испрати.

Жирито составено од Ерина и Јане (уредниците на Revoshot) и Гоце Велескиќе изберат три фотографии чиишто автори ќе бидат наградени со торба за фотоапарат за првото место, сет од ND Cookin P филтри за второто место и креативна врвка за фотоапарат за третото место. Покрај тоа, жирито има подготвено и неколку мали изненадувања за победниците.

Во продолжение, погледнете дел од фотографиите на минатогодишните учесници: