Второ издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“

Од 10 до 12 октомври ќе се одржи второто издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“, поддржан од Град Скопје и Универзалната сала, а во реализација на „Соларис продукција“.

Второ издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“

Годинешното издание на фестивалот ќе биде насочено кон промоција на иновации од областа на компјутерскиот дизајн, музиката, филмот, дизајнот на мебел и најразлични иновативни производи и услуги создавани од македонски уметници и компании. Програмата пак ќе биде поделена во три сегменти: креативни работилници за деца и за возрасни, „Скопје креатива-експо“, претставување македонски иновации, и „Скопје креатива-базар“ за корисни креативни производи и услуги.

Сите настани ќе се случуваат пред платото и во Универзалната сала, а организаторите го објавија конкурсот за учество на сите уметници, креативци кои се на било кој начин дел од креативните индустрии да се евидентираат во базата на податоци на проект-платформата „Скопје креатива“. Конкурсот е достапен на официјалната страница на фестивалот „Скопје креатива“, а освен на неа, дополнителни информации може да се најдат и на социјалните мрежи.