Второ издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес“ во МКЦ

Второ издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес“ во МКЦНа први февруари во Младинскиот културен центар, ќе се одржи  второто издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес 2“.

Фестивалот ќе го отвори групата „Венус флај трап“, потоа следат „Бернајс пропаганда“, „Канон“, бендовите „Док 7 панкс“, „Демек“, „Фанк шуи“, „Галатеа“, „Геарс“.

Настап на концертот ќе имаат и „Ла колони волвокс“, „Его диско“, „Новиот почеток“, „Нерд арена кру“, „Спанк“, „Вајл“, „Шоен“, „Тв рејџ“ и „Спанк“.

Како дел од програмата се најавени и скопските диџеи Душко Јаневски, Роботек и  Пи-ем-џи колектив.

Влезот за фестивалот е 100 денари, а почетокот е закажан во 19 часот.