Второ издание на „Алтернативно лето Охрид“

„Алтернативно лето Охрид“ (АЛО 2), урбаниот настан кој успешно ги спојува екстремиот спорт и алтернативната музика, годинава ќе се одржи и оваа година на 26 јули, во охридскиот скејт парк.

Настанот ќе започне во 17:30 часот, со скејт и БМХ натпревар. По завршувањето на натпреварите организаторите најавуваат одлична забава за натпреварувачите и присутните.

На сцената во скејт паркот ќе настапат локалниот демо бенд Bad Contract, BC Generacija,The Author, Комунална Хигена и Hardfaced од Охрид, Last Hope (Софија), Zvezde Grajma и DJANS (Србија) како и DJ Goce (SAF).

Влезот е бесплатен, а Алтернативно Лето Охрид 2 е поддржано од програмата Цивика мобилитас и се реализира во соработка со „Grind House“ и Општина Охрид.