Втор роденден на АКСЦ

Со роденденска дружба за сите поддржувачи на слободната мисла и уметност, Автономниот културно-социјален центар (АКСЦ) во сабота (28 ноември) ќе прослави две години од своето постоење.

„Две години уметничарење и активизам!
Две години креативен отпор!
АКСЦ е повеќе од простор. Тоа е концепт!
Зрно светлина во градот!
Карпа од која се брусат идеи!
Да живее независната култура сцена и секоја идеја со која сме чекор поблиску до слободата!
Волонтерските работи се прават од љубов!
АКСЦ е нашата љубовна врска со општеството, а љубовта не смее да биде забранета!“, порачуваат од АКСЦ.

Роденденската дружба се отвора во 20:00 часот, а локацијата на АКСЦ е ул. Орце Николов бр:166
(просторот е во куќа спроти Центар за странски јазици во Карпош 1). Освен во сабота, роденденскиот викендот продолжува и во недела, со „Бесплатен пазар“ и театарскиот перформанс „Ќе има (ли) војна“ на Ивана Атанасова, кој за прв пат беше одигран на минатогодишниот роденден.