Втор меморијален марш посветен на Филип Чакаров – човекот планина

Во сабота ќе се одржи вториот планинарски меморијален марш посветен на прерано починатиот планинар Филип Чакаров.

Маршот ќе започне од локалитетот Три Круши во Драчево, кон врвот Китка преку с. Вртекица. Оттаму, групата ќе се упати кон Преслап, од каде преку Кадина Река и с. Алдинци се стигнува до планинарскиот дом – Караџица.

Рутата се категоризира како тешка и е за учесници со многу добра кондициска подготвеност. Рутата е со должина од 25 км, при што се совладува висинска разлика од приближно 2000 метри. Маршот е предвиден како дводневен, со опција за враќање истиот ден со сопствен превоз.

Саатница:

Сабота, 20.10.2018

*Поаѓање:
05:00 часот од паркингот на локалитетот „Три Круши” над Драчево
*17:00 часот чествување во п.д.Караџица

Недела, 21.10.2017

*Будење по желба
*Слободни активности
*10 часот, поаѓање од п.д.Караџица кон Драчево
*18 часот, планирано пристигнување во Драчево
Во договор со учесниците има опција за враќање истиот ден.

Организаторите напоменуваат дека групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК Драчево “Филип Чакаров “. За секое отстапување од програмата кое е без дозвола, тие се изземаат од каква била одговорност кон тие учесници.

Пријавување и информации секоја среда од 18:30 до 20:00 во клупските простории на ПСК Драчево „Филип Чакаров“ или на броевите:
071 266 047 – Филип
070 323 150 – Јане

Тие ги охрабруваат сите кои сакаат, во сопствена режија да учествуваат во меморијалот.

Краен рок за пријавување учество е утре, 18 октомври, на следниот ЛИНК.