Втор МакеДокс кино викенд во кино Култура

Во петок и сабота ќе се одржи вториот кино викенд организиран од МакеДокс – Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови. Двете проекции ќе се одржуваат во кино Култура, со почеток во 20 часот.

„За вториот МакеДокс кино викенд ви подготвивме два документарни филма, едниот за старата југословенска кинематографија а другиот за актуелниот белоруски „Слободен театар“. Овој пат проекциите ќе бидат во кино „Културa“, пригодно за симбиозата на старото кино и новиот театар. А кога сме кај старото, на 15-и ќе си направиме и журка со грамофонски плочи. Донесете и вие некоја“, велат организаторите.

Билетите за проекциите, со резервација на е-мејл contact@makedox.mk чинат 100 денари, а на врата ќе чинат 150 денари.